Општина Могила

Бета верзија

Остварени проекти


ЛАГ Могила - ПРВ ПРОЕКТ PDF Печати
Група за рурален развој МогилаОпштина Могила во соработка со Програмата за поддршка на советодавните услуги во земјоделството во Р. Македонија (МААСП), пристапи кон изработка на Потстратегија за рурален развој. Потстратегијата претставува интегрален дел од општата стратегија за одржлив економски развој на Општина Могила. Во изработката на Потстратегијата за рурален развој применети се искуства и принципи од LEADER Програмата на Европската Унија (ЕУ). LEADER претставува кратенка за „Врски помеѓу руралната економија и акциите за рурален развој“. LEADER е една од четвртата оска за рурален развој на Заедничката политика за земјоделство и рурален развој и е финансирана од соодветниот фонд на ЕУ. Дизајнирана е да им помогне на руралните актери да ги согледаат долгорочните потенцијали на својот регион како и можностите за воспоставување на одржлив развој. Тоа е метод за иницирање и создавање на рурален развој во рурални заедници. Искуството покажува дека LEADER може да направи вистински промени во секојдевниот живот на луѓето во руралните области.
Повеќе...
 


Се наоѓате на  : Почетна