| Клима |
|
|
|
Во термички поглед Пелагонија има модофицирана умерено континентална клима со чисто изразени годишни сезони. Зимата е влажна и студена, а летото топло и суво. Есента е знатно потопла од пролетта и преминот од зима кон лето е побрз отколку обратно. Просечната годишна сума на сончевиот сјај во Пелагонија изнесува 2332 часа. Просечната годишна температура изнесува 11,5 ºС. Средно годишно максимална температура е 17,4 ºС, а средно годишно минимална 5,3 º С. Врнежите се полн одраз на медитеранското климатско влијание на овој елемент. Летните месеци се со малку врнежи, а доцните есенски се најврнежливи. Врнежите се најчесто од дожд просечно 70-80%, а снегот е ограничен воглавно во зимските месеци. Мразниот период е долготраен во просек започнува во октомври, а завршува во мај, но стварниот број на мразни денови е знатно помал од деновите на просечниот мразен период. Просечно годишно во Пелагонија паѓаат 610мм дожд. Ветровите се воглавно од север и југ, а поретко се од останатите правци. Недостигот на врнежи и влага во летниот период во многу се компензира со хидромелиоративниот систем на Пелагонија – системот за наводнување. |