| Четврта сесија - Концепти за предлог проекти |
|
|
| Тековни проекти - Форуми во заедницата |
|
На ден 21.12.2009 година, со почеток во 14:00 часот во општинската сала во с.Новаци, се одржа четвртата форумска сесија од Програмата “Форуми во заедниците”, која се реализира во општина Могила и општина Новаци, а е финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC).
Овој е прв тип на меѓуопштински форум со кој треба да се покаже дека може да се најде заеднички јазик помеѓу две општини и да се работи на ист проблем, во случајов собирање со смет. Буџетот на форумот изнесува 8 милиони денари, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а по 1 милион денари обезбедуваат општините Новаци и Могила. На оваа сесија се презентираа концептите кои ги подготвија четирите работни групи формирани на третата форумска сесија. Концептите се однесуваат на претходно дефинираните проблеми со кои најчесто се соочуваат граѓаните на двете општини, односно: - Недостаток на организирано собирање на смет, возила и формирање на ЈКП; - Подигање на еколошката свест на граѓаните; - Дислокација на диви депонии; - Набавка на канти за ѓубре и контејнери. По презентацијата на концептите, граѓаните имаа можност да дадат поддршка за тоа кој концепт би сакале понатаму да прерасне во проект. Тие ги поддржаа сите четири концепти, што значи дека од наредната форумска сесија ќе се започне со изготвување на проекти за решавање на сите четири проблеми, а за тоа кој проект ќе се спроведе, граѓаните ќе одлучат на последната форумска сесија. На крај на четвртата форумска сесија се дефинира и термин за наредната сесија, 25.01.2010 во 14 часот во ресторан „Колта“, с.Могила. Четвртата форумска сесија заврши во 16:30 часот. |