| Општина Могила ќе гради индустриска зона |
|
|
| Планирани проекти - Индустриска зона во месноста „Петилеп“. |
|
Општината Могила донесе одлука за изградба на индустриска зона во месноста „Петилеп“. - Имаме идеални и реални услови за реализација на нашиот проект, односно индустриска зона. Местото викано „Петилеп“ е на идеална средина од градовите Битола и Прилеп, поврзано е со стариот пат и е урбанизирано, изјави градоначалникот на општината Могила, Славко Велевски. Индустриската зона е на површина од 18 хектари со можност за проширување со дополнителни 20 хектари и на стабилно земјиште на кое не се потребни дополнителни насипи и зацврстувања. - Со одлуката на Владата површината уште од порано е пренаменета од земјоделско во градежно земјиште. Во непосредна близина е регионалниот цевковод со вода за пиење, како и посебна линија со индустриска вода од хидр-системот „Стрежево“, потврдува Велевски, додавајќи дека не се потребни посебни инвестиции за донесување на електрична енергија бидејќи до зоната минува 10 киловолтен далновод. Општината Могила за реализација на проектот индустриска зона ќе подготви посебна кампања за привлекување на инвеститорите од земјата и странство. |