| Соработка на општините Могила и Новаци со Кофалија од Грција |
|
|
|
Дводневниот престој во Солун, градоначалниците од Могила, Славко Велевски и од Новаци, Лазар Котевски го заокружија со потпишување договор за соработка со тамошната Општина Кофалија. - Нашата замисла е да одиме чекор понапред, односно во следната година да потпишеме договор со нашата општина партнер од Грција за соработка во европската програма „Интеррег-4“, нагласи градоначалникот на Могила, Славко Велески. Македонските општини Новаци и Могила својата соработка ја остваруваат во рамките на проектот „Интеррег-3“.- Разговаравме со градоначалникот на Општина Кофалија, Димитрос Белис. Имаме заеднички идеи и проекти и очекуваме наскоро суштински ефекти од директната соработка, изјави градоначалникот Котевски. Општините Могила и Новаци систематски ја подготвуваат локалната администрација и за учество во предпристапните фондови на Европската унија. |