Општина Могила

Бета верзија

Општина Могила ќе соработува со градот Долни Дабник од Бугарија PDF Печати

Градоначалниците на Општина Могила, Славко Велевски и на Долни Дабник, Борислав Станимиров, потпишаа Меморандум за соработка.

- Ние сме две исти општини чиј главен предизвик се земјоделството и сточарството. Можеме многу да си помогнеме но и заеднички да работиме, истакна меѓудругото гостинот од Бугарија, градоначалникот на Долни Дабник Борислав Станимировски, чија општина е претежно рурална и има околу 17.000 жители.

Општина Могила за прв пат прави чекор во делот на меѓународната соработка и очекува со овој Меморандум влез во ЕУ фондовите.

- Фактот што Долни Дабник е во земја членка на ЕУ за нас има исклучително значење. Очекувам да ги сознаеме, а потоа и примениме нивните искуства врзани со изработка на проекти, ангажмани на општинската администрација како и користење финансиска помош од ЕУ  како партнерски општини, посочи градоначалникот на Општина Могила, Славко Велевски.

Иницијатор за директното поврзување на општините Могила и Долни Дабник е почесниот конзулат на Република Бугарија во Република Македонија со седиште во Битола. Со нивно посредство денес директно соработуваат и општините Новаци и Борова, Демир Хисар со Летница, Македонски Брод со Бодрум, а општината Вевчани соработува со бугарските Мелник и Сандански.

 
Се наоѓате на  : Почетна Соработка Остварена соработка Општина Могила ќе соработува со градот Долни Дабник од Бугарија