Kоритото на Шемница со нов изглед во Могила

2015-12-14kolito_mogila_15 (1)

Една од најцрните точки на реката Шемница во централниот дел на селото Могила, каде што при обилни дождови се поплавуваа околните куќи и ниви, започна со уредување на коритото и добива естетски изглед достоен на градските реки. Со средства од Бирото за реагионален развој, Центарот за развој на Пелагонискиот плански- регион и Општината Могила, го реализираат проектот за уредување на дел од коритото на оваа река во должина од 250 метри што ќе чини 150. 000 евра, меѓутоа уредувањето ќе продолжи низ целото село, се со цел, да се скротат водите од оваа река и да се постигнат естетско- еколошки карактеристики.

- Изработено е корито од природен камен, со проширување на еден дел. Се надеваме дека во пресрет на зимата и во пресрет на бројните дождови и снежни наноси, дека со ова уредување, ќе придонесиме барем во еден дел, да се намалат ризиците од појава на поплави.
- Овој проект не застанува тука, туку ќе продолжиме кон централното подрачје на село Могила, со вкупна должина од 1. 300 метри, а за реализација се потребни вкупно 600. 000 евра – рече Стево Пивковски, градоначалник на село Могила.
Во Општината Могила, со годинешните поплави од реките Црна и Шемница, беа зафатени околу осум илјади хектари плодни ниви и повеќе објекти, а временските прилики, покрај санацијата на критичните точки, овозможуваат натамошно чистење на речната вегетација.