18 години постоење на Општина Могила

10703584_565067730288227_3040287180708437063_n

По повод 18 години постоење на Општина Могила градоначалникот Стево Пивковски се обрати пред присутните: Почитувани пратеници во Собранието на РМ, почитувани градоначалници, почитувани конзули, почитувани директори на ЈП, почитувани директорки на ОУ, почитувани претседатели на МЗ, почитувани советници во Советот на О Могила, општинската администравија, почитувани гости, почитувани присутни Добро вечер.
Со огромна чест ми е и задоволство да ве поздравам да ви се заблагодарам за вашето присуство и да ви посакам добредојде на завршната манифестација по повод чествувањето на 18 годишното постоење на Општина Могила. Велам завршна , затоа што денес во духот на празникот организиравме повеќе манифестации:
• Турнир во шах
• Свечена седница на Советот
• Публикација на книгата за мајка Захарија Шумљанска
• Изложба на копаничарски дела
• Прирередба Весела училница на која учествуваа децата од
3-те основни училишта во општината и
• Фудбалскиот натпревар на ветараните на ФК Могила и ФК Општичари.
Пред 18 години со теритиријалната поделба на општините формирана е Општина Могила, а денешните граници ги добива со Законот за територијална организација на РМ во 2005 година, односно во нејзин состав се поранешната општина Могила и поранешната општина Добрушево со 23 населени места: Могила, Алинци, Беранци Будаково, Вашарејца, Горна и Долна ЧАрлија, Дедебалци, Добрушево, Долно Српци, Ивањевци, Лознани, Мојно, Мусинци, Ношпал, Новоселани, Путурус, Подино, Радобор, Свето Тодори, Трап, Трновци и Црничани.
Во изминатиот период од последното наше видување на истово место пред 1 година, до денес, напорно работевме. Зацртаните стратешки приоритети на Општина Могила, кои ги поставив на почетокот на мојот мандат, во континуитет ги спроведовме:
• зголемување на економскиот раст и на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот;
• инвестирање во образованието и подобрување на условите во образовниoт процес
• инвестирање во патната инфраструктура
• инвестирање во водоводни и канализациони системи
• подобрување на животната средина
Несебичната поддршка од Советот и напорната работа на општинската администрација донесоа многу реализирани проекти и многу во тек на реализација.
1. Изградба на доводен цевковод и резервоар за вода во населено место Вашарејца во износ од 1.600.000 денари со средства од Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој
2. Набавка на СКИП – повеќенаменска машина во износ од 4.300.000 денари, од кои 2.200.000 денари обезбедени од грант од Светска банка, и 2.100.000 денари заем од Светска банка. Со оваа машина во претстојниот период ќе се изврши чистење и средување на централните подрачја во сите населени места во општината и верувам најголемата главоболка на жителите на општината – средување на полските патишта,кои долг период беа запоставени. Со тоа ќе се олесни пристапот до земјоделските површини –кои претставуваат изворот на храна и изворот на егистенција на сите наши сограѓани. Исто така оваа машина ќе се користи во зимскиот период за зимско чистење на локалните патишта и улици. Со тоа ќе се заштедат средства за ангажирање на фирма која ќе ја обавува оваа активност.
3. Децата се нашата иднина, нашето огледало во кое ќе погледнеме и ќе го видиме нашиот краен резултат. Затоа во изминатиов период а пред почетокот на учебната година, создадовме нови услови за работа на децата и наставниците, во 3-те основни – централни и сите подрачни училишта во општината. Целосно, со средства од Буџетот на Општина Могила завршено е фарбање на внатрешните простории – училниците во износ од 150.000 денари. Направена е реконструкција на подрачното училиште во с. Свето Тодори во износ од 400.000 денари, подрачното училиште во с. Долна Чарлија во износ од 300.000 денари. Тоа е доказ дека ниедно училиште нема да биде затворено, напротив во иднина ќе работиме на задржување на населението во селата а со тоа и зголемување на бројот на дечиња кои ќе учат во нашите училишта.
4. Со финансиска поддршка на ТИКА – Турска Агенција за соработка и координација реконструирано е подрачното училиште Браќа Миладиновци во с. Будаково, во износ од 3.500.000 денари. Со средства од Буџетот на Општина Могила изградена е пристапна патека до влезот на училиштето во износ од 80.000 денари
5. Во соработка со Владата на РМ , до завршна фаза на реализација е проектот Изградба на ново училиште во Долно Српци, на местото на изгореното училиште.
6. Со средства од Буџетот на општината извршена е реконструкција на зградата на МЗ во Лознани, во износ од 165.000 денари
7. Исто така со средства од Буџетот на општината помогната е реконструкцијата на внатрешните површини на зградата на МЗ во Долно Српци во износ од 54.000 денари и оградување на повеќенаменското игралиште и училишниот двор во с. Трновци во износ од 53.000 денари.
8. Изработени и усвоени се Општи акти за 4 населени места: Радобор, Ивањевци, Лознани, Дедебалци, во износ од 36.000 денари. Се работи за плански документи кои се неопходни во секојдневното функционирање на општината. До крајот на годината, овие плански документи ќе се изработат за сите населени места.
9. Изработена е проектна документација за улици во населено место Могила, Дедебалци, Лознани, Ивањевци и Радобор и проектна документација за линиска инфраструктура за поврзување на Регинален пат Вашарејца – Бучин со нас. место Св. Тодори и проект за линиска инфраструктура за локален пат Добрушево – Мусинци во износ од 300.000 денари
10. На 11 јули, по втор пат оваа година, Општина Могила во заедничка соработка со Здружението Фестивал Константин и Елена – Могила, поддршката од Министерството за култура, и несебичното залагање на директорот на фествалот, големиот поддржувач на македонската народна музика, гастарбајтерот Фидан Шемовски, го организиравме фестивалот на дуети Константин и Елена. Беа изведени 17 комплетно нови досега неизведени песни, снимени во студио.Овој фестивал во наредните години ќе стане традиционален и бренд за Општина Могила, бидејќи истиот е единствен од ваков вид во Република Македонија и наменет за нашите иселеници во прекуокеанските земји.
11. Во населено место Мојно, ЈКП Пела Хигиена го превзеде одржувањето на селскиот водовод и водата за пиење. Исто така направена е замена на старите водомери со нови водомери за секое домаќинство во ова населено место. Во нас. место Новоселани заменета е старата пумпа за вода со целосно нова и ефикасна пумпа за напојување со вода на населените места Свето Тодори и Подино и воедно водоводот е ставен во употреба и во моментот функционира во најдобар ред.
12. Со финансиска поддршка на Министерството за култура реализирана е манифестацијата Топол културен бран, на која со свои уметнички дела се претставија реномираната група Водичарки од Беранци и групата Мелодиум од Битола, стендап комедија со Марјан Ѓорѓиевски, како и проекции на најновите филмови од светската продукција, со поддршка на Центарот за култура – Битола. Проект во вредност од 80.000 денари
13. Во периодот од октомври 2013 до април 2014 година со заедничка соработка на Општина Могила, УСАИД и Министерството за труд и социјална политика се спрведе проектот Општинско корисна работа, преку кој беа вработени 3 лица од територијата на општината. Проектот се реализира во делот помош и нега на стари лица во домашни услови. Бидејќи проектот имаше успешна завршница, истиот беше продолжен за уште 6 месеци и морам да напоменам, повторно успешно се реализира.
14. Да ја споменам и одличната деловна соработка што општина Могила ја има со Земјоделскиот комбинат Пелагонија, кој е најголем производител на сточна храна во регионот и е пример за Локален економски развој на општината и фирма која даде придонес за намлување на невработеноста во општината . Значи во изминатиот пеериод, реализирана е извесна бројка на вработувања во овој комбинат.
15. Од Буџетот на Општина Могила издвоени се финансиски средства во износ од 205.000 денари за помош на фудбалските клубови кои се натпреваруваат во третата лига и општинската лига , а функционираат на територијата на општината
16. Тоа беше случај минатата година, но и оваа година од страна на Совеот донесена е Програма за поддршка и финансирање на традиционални културни и забавни манифестации како: Петровденските средби во с. Долно Српци, Празнување на СВ Јован – Иванден во манастирот СВ Јован во Беранци, празнувањето на СВ. Кирил и Методи во манастирот во с. Лознани, Манифестацијата Добрушевски средби, Ревијата на пејачи аматери во Добрушево и турнирот во мал фудбал во Могила. Финансиските средства се во износ од 150.000 денари
17. Со издавањето градежна дозвола за Изградба на Биогасна централа кај Радобор, за производство на биогас, што во иднина ќе претставува можност за нови вработувања и намалување на невработеноста во Општината, а со тоа ќе го поттикнеме и Лоаклниот економски развој на општината.
18. Минатата година општина Могила аплицираше до Министерство за образование за добивање средства за реконструкција на ПУ Браќа Миладиновци во Ношпал. Владата на РМ и Министерството за образование одлучи наместо реконструкција на постоечкото да се постави ново монтажно училиште. За истото Општина Могила изработи и усвои ЛУПД – локална урбанистичка планска документација. Следно е поставувањето на училиштето од страна на Министерството .
Проекти во тек на реализација:

19. Во тек е Изградба и асфалтирање на улици во 4 населени места во општината: Мусинци, Трап, Ношпал, Ивањевци и тампонирање во Могила, со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во износ од 3.373.620 денари
20. Во тек е изградба на улица во населено место Вашарејца во должина од 210 метри, во износ од 900.000 денари, со средства од Бирото за регионален развој во износ од 625.000 денари односно 70% и кофинансирање на општината од 30% односно 275.000 денари
21. Во тек е изработка на детски забавни паркови во 7 населени места: Алинци, Трап-Будаково, Радобор, Долна Чарлија, Лознани, Трновци, Свето Тодори, со средства од Буџетот на општината во износ од 940.000 денари
22. Во тек е поставување за парно греење во ПОУ Браќа Миладиновци во с. Будаково, со финансиски средства од Буџетот на општината во износ од 200.000 денари
23. Во тек е изработка на проектна документација за изградба на водовод за поврзување со градскиот водовод на Битола на населените места: Беранци, Долно Српци, Вашарејца, Лознани, Ивањевци, Подино, Свето Тодори и Трновци, со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање во износ од 700.000 денари.
24. Се грижиме за здрава животна средина. Благодетот од поставувањето на канализационата мрежа во Могила го видоа повеќе наши сограѓани, кои веќе се приклучија на истата. Секојдневните барања од граѓаните за нови приклучоци, се надобриот доказ за тоа.
25. Во тек е отворање на дневен престој – игротека за деца на возраст од 3-5,5 години во 3-те поголеми населени места: Могила, Ивањевци и Добрушево, преку кој ќе се овозможи згрижување и социјализација на децата на таа возраст, кое што че претставува одскочна даска за понатамошниот развој и учење на децата.
26. Во следниот период а до крајот на годината ќе се реализира изработка на проектна документација за изградба на улици во сите останати населени места за кои досега нема изработено проект.
27. До крајот на годината ќе се изврши тампонирање на помалите улици кои се наоќаат во многу лоша состојба, во сите населени места во општината
28. Во следниот период во централното подрачје на Општина Могила, планирана е изградба на трговски комплекс дуќани., со намена за фризерски салони, автомеханичарка работилница, автолимарска работилница, аптека, откуп на земјоделски производи, автоперални, вулканизер. Исто така се планира изградба на тениско игралиште за спорт и рекреација на младите во општината.
29. На простор во централното подрачје на општината планирана е изградба и партерно уредување на паркинг простор за службените возила на општината и комуналното претпријатие.
30. Тука ќе ја споменам Индустриската зона Петилеп….

Во наредниот период продолжувам со истото темпо на работа како што и започнав пред 1,5 година. За остварување на стратегиските определби кои ги поставивме како резултат на секојдневното соочување со проблемите на граѓаните, во следниот период ќе останеме посветени на истите и посебно ќе се посветиме на реализацијата на проектите кои ќе придонесат за развој и просперитет на општина Могила. Нека ни е честит денот на Општината 12 септемри и денот на независноста на РМ 8 ми септември. Да живее општина Могила! Да живее Македонија !!!