ЈКП „Пела Хигиена“ – општина Могила

Untitled

Директор на ЈКП „Пела Хигиена“ – општина Могила Зоранче Сакурмовски

 

Работни задачи:

  • Го застапува и претставува претпријатието;
  • Раководи и го организира процесот на работа;
  • Самостојно донесува одлуки и предлага донесување на акти од надлежност на Управниот одбор и советот на Општината;
  • Активно ја спроведува деловната политика преку предлагање на програми и планови за развој на ЈП;
  • Го обезбедува спроведувањето на Програмата, Плановите, Одлуките и другите акти донесени од УО;
  • Учествува во донесувањето на критериумите за располагање со средствата остварени од работата на претпријатието;
  • Ја предлага организацијата на претпријатието;
  • Поднесува извештај за работата до управниот одбор на Јавното Комунално Претпријатие, Совет на Општина Могила и Градоначалникот;
  • Должен е на секои шест месеци да поднесува извештај за работата до Управниот одбор на Јавното Претпријатие и Градоначалникот за извршени активности и постигнати резултати, како и за финансиското работење на претпријатието;
  • Доколку во шестмесечниот извештај се констатираат недостатоци или загуби, Директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци;
  • Заклучува договори и дава полномоштва за застапување на ЈКП од други лица;
  • Донесува одлуки за засновање и престанок на работен однос;
  • Врши распоредување на работниците на работни места и им дава работни задачи согласно нивниот степен на стручна подготовка и описот на работното место предвиден во Правилникот за систематизација;
  • Одлучува за работата подолга од работното време;
  • Одлучува за одобрување отсуство од работа;
  • Дава оценка за придонесот на работниците;
  • Одлучува за службени патувања;
  • Издава налози за работа и работни задачи за поедини работници и работни групи;
  • Задолжително учествува во работата на управниот одбор без право да одлучува;
  • Одлучува за други прашања кои по својата природа спаѓаат во полето на раководење со претпријатието;
  • Одлучува за зголемување и намалување на личниот доход на вработените согласно законите и Општиот колективен договор.

Главна дејност на ЈКП „Пела Хигиена“ е организирање, собирање и транспортирање на комунален цврст отпад и друг вид на неопасен отпад.

Со главната дејност за собирање на комунален неопасен отпад моментално опслужуваме 11 населени места од општината и тоа:

  • Могила
  • Добрушево
  • Дедебалци
  • Ношпал
  • Радобор
  • Трап
  • Будаково
  • Беранци
  • Српци
  • Вашарејца
  • Ивањевци

 

Сметот собран од овие населени места се депонира на депонијата Мегленци за која предходно имаме добиено согласност за депонирање од ЈКП „Комуналец“ Битола, затоа што моментално депонијата е во нивна сопственост. Во изминатава година имаме депонирано 337 тури од по 8 м3, односно 2696 м3 депониран отпад, или поточно 808.8 тони, според специфичната тежина на отпадот.

Неделниот план на собирање на комуналниот отпад од домаќинствата се изведува според следнава динамика:

Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
Могила Могила

Радобор

Будаково

Трап

Дедебалци

Добрушево

Ношпал

Беранци

Српци

Вашарејца

Ивањевци

 

Наплатата на домаќинствата се одредува според квадратурата на куќата и дворот. Тарифникот на цените е следниот:

Корисна куќна површина под покрив Дворна површина лимитирана максимално до 300 m2
Домаќинства (физички лица) 1,9 0,2
Самци и социјални случаи 1,5 0,15
Правни субјекти 4,2 0,23
Правни лица со површина над 200 m2 (Училишта, Кафани, Бензиски, Комбинати,…) 3,2 0,21