ЦЈЗ – Битола ќе врши дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на Општина Могила

Согласно законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Могила за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Могила како општа противепидемијска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола го издава следново соопштение:

133227690-77818Ве известуваме дека во деновите 20.08.2018 (понеделник) и 21.08.2018 (вторник) екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ТРЕТАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му претходи возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитетите предвидени во планот и програмата. Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната самоуправа и други институции.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје – Битола: 047/208-100 и 047/208-101.