ЦОУ „Кочо Рацин“

ou_ivanjevci1

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Ивањевци општина Могила е основано во 1968 година.
Во долгогодишната работа има постигнато многубројни резултати во воспитно – образовниот процес за што сведочат многубројните награди кои учениците ги постигнуваат на општински, регионални и државни ученички натпревари.

Каде сме и каде одиме?

ВИЗИЈА

Училиштето настојува да им обезбеди еднакви можности на сите ученици до максимум да ги искористат сите капацитети за да стекнат знаења способности и вештини кои им се неопходни за секојдневно функционирање и продолжување на образованието и истовремено да ја развие свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување и прифаќање на сличностите и разликите на различните етнички заедници. Нашите разлики се наше најголемо богатство.

МИСИЈА

Нашето училиште е место:
– во кое наставниците континуирано професионално се усовршуваат за да може да реализираат современа квалитетна настава која е приспособена на потребите и интересите на учениците од различните етнички заедници.
– кое превзема најразлични активности со кои поддржува партнерски однос помеѓу наставниците, учениците и родителите без разлика на нивната етничка припадност.

ЗА ШТО МОЖЕТЕ ДА СЕ ИНФОРМИРАТЕ?

Во врска со работата на основното училиште „Кочо Рацин“ Ивањевци можете да се информирате за следните работи:
$1· Наставни планови и програми;
$1· Воспитно образовен процес;
$1· Промовирање на ученичките постигања.

Како да се информирате?
Процесот на информирање за сите подрачја на работа на училчиштето треба да започнат кај педагошко – психолошката служба, директорот или кај класниот / одделенскиот раководител, а по потреба и кај предметните наставници. На располагање е и интернет сајтот на училиштето.

НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ

Во нашето училиште за остварување на воспитно – образовните цели се работи по наставните планови за основно образование и наставните програми за наставни предмети кои се издадени од Бирото за развој на образованието и Министерството на образование и наука на Република Македонија.

Каде можете да ги најдете?
Наставните планови и програми може да ги најдете и разгледате кај педагошката служба на училиштето или слободно да ги превземете од интернет страницата на Бирото за развој на образованието.
www.bro.gov.mk

ПРОМОВИРАЊЕ НА УЧЕНИЧКИТЕ ПОСТИГАЊА

Постигањата на учениците се промовираат преку објавување на:
$1· огласната табла во холот на училишната зграда;
$1· официјалниот интернет сајт на училиштето;
$1· училишниот весник кој излегува еднаш годишно за време на прославата на денот на училиштето.

Каде можете да ги најдете?

Огласната табла се наоѓа во холот на училиштето и пристапот кон неа е овозможен во секое време во текот на работното време на училиштето.
Адреса на веб сајтот: www.kraciniv.schools.edu.mk
Весникот може да го најдете во училишната библиотека.

ВОСПИТНО – ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС

Воспитно – образовниот процес се одвива по одделенија
$1· I-VIII одделение во траење од девет години;
$1· VIII одделение во траење од осум години.
Наставата е организирана во наставни часови во траење од по 40 минути. Помеѓу два часови учениците имаат одмор од 5 минути односно 10 минути помеѓу 2 и 3 час.

Каде можете да се информирате?

За сите прашања и информации во врска но воспитно-наставниот процес можете да се информирате кај педагошко-психолошката служба, кај класниот / одделенски раководител или кај предметниот наставник.