Се реконстуираат полските патишта во село Долна Чарлија

Општина Могила реализира градежни активности за реконструкција и тампонирање на полски пат до училиштето во с. Долно Чарлија во должина од 500 метри.
38792720_2252758688314566_7034680806169640960_n„Сите населени места во нашата општина заслужуваат еднаков третман, поради тоа градежни активности за реконструкција и тампонирање на полски патишта ќе се реализираат во сите населени места во нашата општина. Овие активности за реконструкција и тампонирање на полски патишта низ сите населени места се од голема важност за земјоделците, затоа што луѓето ќе имаат полесен пристап до нивите и ќе можат непречено да ја извршуваат својата работа.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.
38676418_2252758848314550_2478946924435079168_n

38760958_2252758678314567_7925414473119039488_n

38777771_2252758698314565_7691552477354655744_n

38819589_2252758884981213_2995417669492015104_n