Промоција на земјоделска механизација во општина Могила

d117ca8d4efba1f9344562b20a9faa47_L

Градоначалникот Стево Пивковски присувствуваше на промоцијата на Евро Стил кој донесе на македонскиот пазар трактори од брендот Махиндра.

Во присуство на голем број на земјоделци, институции  и претставници на компании од областа на земјодлеството  во Могила се одржа голема презентација на земјоделска механизација од индискиот бренд Махиндра. Организацијата  на презентацијата беше од страна на битолската фирма Евро Стил која во моментов е единствен генерален засатапник на брендот Махиндра за територијата на Македонија.

„Махиндра тракторите  конечно се најдоа на македонскиот пазар, претставени  од Евро Стил  Битола , компанија која е единствен генерален застапник за територијата на Р.Македонија . Располагаме со широка палета на трактори од 42 КС, 45, 60, 70 и 92 КС. Располагаме и со тим за сервисирање кој специјално е обучен од тимот на Махиндра“ изјави Џими Веловски – менаџер за набавка во Евро Стил .

На  презентација  присуствуваше и генералниот менаџер на компанијата Махиндра & Махиндра  г-дин Маној Далви кој рече дека компанијата има производствени капацитети  за повеќе од 300 000 трактори во 5 фабрики во Индија.

„Тракторите Махиндра  се познати на глобално ниво по нивниот квалитет и сигурност и ја имаат предноста за која треба да им се подзавиди, тоа е единствената копмпанијаза трактори која ги добила наградата  Deming Application Prize i Медалот  за квалитет на Јапонија, двете највисоки признанија за квалитет кои може една компанија да ги добие-  изјави Маној Далви – генерлен менаџер на Махиндра & Махиндра. Имаме производствени капацитети за повеќе  од 300 000 трактори во 5 фабрики во Индија. Исто таска имаме и 5 фабрики за составување во САД. Присутни сме во повеќе од 40 земји  во бизнисот со трактори претставени најмногу во Северна Америка, Јужна и Средна Америка, овде во Европа, Азија, Австралија, Нов Зеланд, Среден Исток и Африка“ – додаде Маној Далви .

ЕВро Стил Битола располага со трактори со  различна јачина и за сите гранки во земјоделството. За квалитетот на оваа земјоделска механизација потврдуваат директните земјоделци што ја користат. Чаушоски Симо од с. Карамани е 30 години земјоделец и во неговото долгогодишно искуство од примената на трактор Махиндра е многу задоволен.

„Имам трактор од 45 КС  и задоволен сум. Седум години го работам , имам до сега поминато 7 200 работни часа, а ниту еднаш не ми се расипал. “ вели тој.

Компанијата е основана е во 1945 година и денес е групација вредна 16,5 милијарди долари  и вработува повеќе од 180 000 луѓе во повеќе од 100 земји.

Во 2014 година компанијата Махиндра фигурираше во Форбс Глобал 2000, во сеопфатната листа на светските најголеми и најмоќни  компании, мерено по приходи, профит, средства и вредност на пазарот.