Продолжуваат градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта во општина Могила

Во тек се градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта во населеното место Могила, а во наредниот период ќе бидат реконструирани и полските патишта во 22 села на територијата на целата општина.
38842024_2251654638424971_1841271901637312512_n
Градежните активности за санација и реконструкција на полските патишта ги изведува ТИМ Петрол 991 од с. Велешта, Струга, а истите се реконструираат со средства обезбедени од буџетот на Општина Могила.

„Жителите на селата во општина Могила ќе добијат уредени полски патишта, тампонирани, проширени, без ударни дупки и со исчистена вегетација, што ќе им го олесни пристапот до нивните ниви. “ – истакнуваат од општина Могила.
38714598_2251654631758305_8050326596126507008_n

38721831_2251654625091639_4488560704894271488_n