Поставување на мерни столбови за мерење на потенцијал на ветар

merni_stanici_za_vetar

Во соработка со ГЕФ Проектот  ( Global Environmental Facility, www.gef-piu.mk )при Светската Банка, а подржан од Министерството за Економија на Р. Македонија и во соработка со локалната власт- општина Могила www.mogila.gov.mk во  Август 2012 година беше поставена опрема за мерење на потенцијал на ветерот.  Опремата беше набавена од реномираната фирмаод областа на мерењето на потенцијалот на обновливи извори на енергија,NRG System www.nrgsystem.com, а додека монтирањето беше извршено од страна на NETINVEST www.netinvest.rs, фирма која е специјализирана за проектирање и изведба на конструкции  за мерење и искористување на потенцијалот на ветерот. Целиот процес на набавка, монтажа и обработка на податоците беше под надзор на стручните лица на ГЕФ Проектотво

Целиот проект беше подржан и надгледуван и од официјален претставник на општината: Александар acotas@t-home.mk

Мерењето на параметри на ветерот ( брзина, континуираност, насока, температура и атмосферски притисок ) се вршисекојдневно на три референтни точки на мерниот столб, и тоа на 30 ,40 и 50 метри. Податоците се испраќаат преку GSM уред поставен исто така на мерниот столб до референтна база во Факултетот за Електротехника и информациски технологии Скопје, каде резултатите од мерењата се сублимираат и обработуваат со еден од најсовремените програмски пакет за обработка на податоци од мерења на ветер,  WINDSIM, при што се анализира потенцијалот на ветерот на локалитетот од сите аспекти. Мерењето ќе се одвива во подолг временски период  како би се добила детална слика на потенцијалот на ветерот во секој месец од една тековна година.

Привчните резултати од мерењата кои ги врши Факултетот за електротехника и информациски технологии ( ФЕИТ) www.feit.edu.mk се поголеми од очекуваните резултати и се покажува дека  во локалитетот има потенцијал за поставување на ветерогенератори. Бефенитите би биле заеднички како за локалната ( нова инвестиција, инфраструктура, работни места), така и за централната власт (енергетска стабилност, економски и енергетски раст) . Еколошките придобивки се исто така неспорни.

Студијата која ќе биде подготвена од страна на ФЕИТќе биде достапна до сите потенцијални инвеститори кои би биле заинтересирани за инвестирање во обновливи извори на енергија.