Покана за Тракторијада 2017

Општина Могила и Локалната Акциона Група ПеЛАГонија имаат чест да Ве поканат на Саем за Земјоделство

– Тракторијада 2017 Петок, 1 Декември, 2017 година, 10:00 – 15:00 ч Могила, Општина Могила (пред Општинската зграда)

Саемот за Земјоделство – Тракторијада 2017 е организиран од Општина Могила и Локалната Акциона Група “ПеЛАГонија“ со цел поврзување на земјоделците од Пелагонија и Република Македонија со домашните снабдувачи на земјоделски суровини, опрема и услуги. На Саемот на едно место присутни ќе бидат добавувачи на земјоделска механизација, опрема за земјоделските стопанства и услуги од банкарскиот сектор, системи капка-по- капка наводнување и добри земјоделски практики.

АГЕНДА НА НАСТАНОТ- Саем за Земјоделие, Тракторијада – 2017 година

08.00-09.30 ч Поставување на опремата

10.00 ч Почеток на Саемската Манифестација

10.00-11.00 ч Културно уметничка програма

11.00 -11.30 ч Официјална најава на настанот и учесниците

12.00ч Обраќање на Градоначалничката Г-ца Јасмина Гулевска и официјални претставници партнери на Манифестацијата

12.30 -13.00 ч Најава и дефиле на стари трактори 13.00 ч Доделување на Благодарници за учество и реализација на Саем за Земјоделие – Тракторијада 2017 на партнерските организации

13.30-15.00 ч Презентации од учеснички на Саемот за промоција на нивни производи и услуги

од 10:00 – 15:00 ч- Културно уметничка програма со Група Калабалак

Traktorijada Banner 2(1) traktorijada photo 1 traktorijada photo 2 traktorijada photo 324140140_10156060462447022_2124724063_o