ОУ „Гоце Делчев“ Могила член на aces – Academy of Central European schools

pehar

НОВ ПЕХАР НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД ОУ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ – МОГИЛА

Aces  е мрежа на централно европски училишта. Целта е да се овозможи дијалог и соработка помеѓу младите луѓе,  членови на  aces  мрежата како и споделување на знаења, меѓусебно  учење и иновативност. Училишта од 15 држави се вклучени во оваа мрежа и тоа: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија.

Училиштата од  државите кои се вклучени во мрежата  се поканети да пронајдат партнерски училишта  со кои што ќе развијат проекти кои ќе ги реализираат со меѓусебна соработка. Повикот за оваа година беше на тема I and the others: Discovering diversity around and within me”.

ОУ „Гоце Делчев“ Могила контактираше со партнерско училиште од Бугарија и партнерско училиште од Романија. Заеднички направивме проект  со наслов “The past inspires the present – A glimpse into Balkan cultural diversity”, истиот беше одобрен и ќе се реализира во периодот од септември 2013 до март 2014.Проектот има за цел да им овозможи на учениците посета на партнерските училишта а со тоа размена на искуства, знаења, идеи – еден поинаков начин на учење.Учениците ќе фотографираат, цртаат, сликаат ќе пишуваат есеи, ќе глумат ќе се дружат и ќе соработуваат помеѓу себе.

Во периодот од 30.09.2013год. до 04.10.2013 год. координаторот на проектот – Јасна Ѓоргиевска и една ученичка од VIII  одд. – Гордана Саботковска присуствуваа на Kick off meeting во Букурешт, Романиаја.

Во периодот од 21 до 25 октомври ќе се реализира и првата средба на партнерските училишта во Софија, Бугарија. На истата ќе присуствуваат директорката на училиштето – Лилјана Костовска, 15 ученици и 4 други  наставници.