ОУ „Гоце Делчев“ Могила дел од ACES по втор пат

ОУ „Гоце Делчев“ Могила дел од ACES по втор пат.

            Нашето училиште во периодот од септември до мај во учебната 2015/2016 год. ќе го реализира проектот Worthy of our efforts во партнерство со основното училиште Bijaći од Kaštel Novi, Р. Хрватска.

Целта на нашиот проект е развивање на солидарноста кај учениците, вработените и пошироката заедница како и промоција на меѓугенерациското и меѓукултурното учење во нашите училишта.

Меѓугенерациската солидарност, волонтерството и меѓугенерациското учење е нешто ново и за двете училишта и за нашите ученици . Името на волонтерскиот клуб е soliDARnost. Со истото сакаме да кажеме дека целта на овој клуб е меѓусебна размена на дарови (знаења, вештини, способности) помеѓу учениците и постарите лица од нивното опкружување како и помеѓу учениците од двете училишта. Во рамки на проектните активности планирани се взаемни посети на двете училишта. Во периодот од 22 до 26 ноември 2015 год, 14 ученици и 5 наставници од ОУ „Гоце Делчев“ Могила беа во посета на партнерското училиште во Р. Хрватска.

Во петдневната посета беа реализирани многубројни активности кои допринесоа за постигнување на целите на проектот.

22.11.2015

Пристигање во Kaštel Novi.

23.11.2015

Приредба за добредојде.

Посета на часови од страна на учениците.

Посета на црквата Bezgrešnog začeća Blažene Djevice Marije.

Работилница за здрава исхрана и традиционална храна во средното училиште “Braća Radić”.

Посета на дворецот Vitturi и работилница со учениците со цел запознавање со историјата на Kaštela.

 

24.11.2015

Посета на рибарски клуб Nebojsija и реализација на работилница во која постарите ги учат помладите за рибарството.

Посета на Македонско- хрватското друштво во градот Сплит, прошетка низ Сплит и запознавање со неговите знаменитости.

25.11.2015

Работилница со постари лица – Користење на модерна технологија-интернет и мобилен телефон (учениците ги учат помладите).

Посета на Трогир.

Прием кај Градоначалникот на Каштела.

Посета на античкиот град Салона.

Дружење на учениците во училиштето и работилница со наставникот Marij Radunić.

26.11.2015

Заминување од Каштел и посета на Дубровник.

Во месец март планирана е возвратна посета на учениците и вработените од партнерското училиште.

Во периодот до март ќе се реализира програмата на волонтерскиот клуб како и подготовка на антологија со народни приказни и традиционални рецепти.

На следниов линк погледнете ги нашите активностите.