Остварена средба со Координаторот на програмската канцелерија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

Градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, оствари официјална средба со Координаторот на програмската канцелерија на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје г-дин Ајтекин Ајден. На средбата се разговараше за можностите за соработка помеѓу Општина Могила и ТИКА, како и инвестиции и поддршка од страна на турската агенција за општината. Градоначалничката Гулевска изрази отвореност за соработка со Агенцијата ТИКА и упати покана до Координаторот Ајтекин Ајден за посета на општината и конкретизирање на проектите на кои ќе се работи.

 

27544884_2095912103999226_1168300938298836756_n 27657151_2095912157332554_5757379212059557760_n