Одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик во Македонија

Во рамките на одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик во Македонија, градоначалничката на општина Могила г-ца Јасмина Гулевска, заедно со потрпетседателката на Интерактив – Битола, г-ѓа Нурјан Махмуд, како и членот на здружението Ерол Махмуд присуствуваа на централната прослава во хотелот Александар Палас во Скопје и арената Борис Трајковски. Градоначалничката оствари повеќе средби со претставници на турската заедница од Македонија и од Турција на кои се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу општина Могила и турски општини на економски и туристички план. Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола и понатаму ќе поттикнува и поддржува вакви средби на градоначлниците од Пелагонискиот регион со претставници на меѓународната заедница се со цел придонес кон општеството и заедницата во Македонија.

25507688_1011437632336760_52203360450580765_n 25508003_1011437635670093_575078489159767239_n 25550360_1011437629003427_1371814054680596251_n