Одбележан православниот празник Света Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка)

38729483_2149920388575646_8395613229098729472_nСо Боженствена литургија во манастирот Света Петка во село Мусинци започна празнувањето на православниот празник Света Петка – Преподобна маченичка Петка (Римјанка). На литургијата присуствуваше и градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, која на сите православни верници им го честиташе празникот и им посака, здарвје, успех и љубов.

„Денеска се прославува големиот христијански православен празник Света Петка кој го слават нашите сограѓани во селата Путурус, Ношпал, Ивањевци, Мусинци и Горна Чарлија. На сите верници им го честитам празникот, им посакувам пред се здравје, среќа, да имаат љубов во своите домови. Македонскиот народ има традиција да ги чествуваат овие слави кои се одбележуваат со векови наназад, и истите треба идните генерации да продолжат да го прават тоа и да ги чуваат семејните вредности кои се неминовни во нашето општествено живеење, затоа што семејните вредности се ненадминливи.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.
38671004_537692113316353_1007542354900418560_nВо текот на одебележувањето на големиот христијански празник Света Петка градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска, заедно со делегација на општина Мгоила и со бројни христијани, присуствуваше и ги проследи црковните церемонии во селата Путурус, Мусинци, Ношпал и Ивањевци кои по повод денешниот празник по традиција се одржуваа во манастириите и параклисите посветени на Света Петка.

38729483_2149920388575646_8395613229098729472_nГрадоначалникот Гулевска се помоли за лично и здравје на најблиските посакувајќи им на сите верници да ги води добра мисла и искрена верба во Бога кои се основата за градење на заедничка среќна иднина.

38728903_1080469185443436_7303602315028594688_n 38751744_637657139949796_3596912536328339456_n