Обичај кој трае со децении -„Водичарки“ с.Беранци

Селото Беранци, општина Могила, Битолско е едно од ретките населени места во Македонија, а можеби и единствено, каде што до денес “живо” се практикуваат обичаите и обредите за Водици и се предаваат од генерација на генерација. Главни носители на празникот (и за Машки и за Женски Водици) се Водичарките, женска група составена од непарен број на млади девојки. Облечени во празнична носија, со икони во рацете тие го обиколуваат селото и ги пеат водичарските песни во изворна форма како што пред нив ги пееле нивните баби, мајки, тетки… Парите коишто ги добиваат како еден од даровите на домаќините ги чуваат до Цветници, кога купуваат вино, поради што овој ден во селото се нарекува Винопиец.

165558_159126247471234_4887731_n 166389_159125217471337_4301160_n 167620_159126957471163_5069084_n 167645_159125087471350_2939316_n 167900_159125480804644_2850689_n 169019_159126044137921_2165888_n 180741_159126510804541_2751663_n
Дел од промоција на филмот „ДОБРЕ МИ ДОЈДЕ СВЕТИ ЈОВАНЕ“ кој се одржа на  16-ти јануари 2017 година во с.Беранци Општина Могила