Могила ќе добие брикетара

MOGILA_pivkosvki

Отпадот ќе се користи за греење. Од сламата ќе се прават брикети за затоплување. Ова е 250 илјади евра проект кој што општина Могила го добила преку меѓугранична соработка со Р.Грција. Проектот се чека на потпишување па негово реализирање.

„ Добивме брекетара во која што ќе се прават брикети, палети од слама за да се користи подоцна за греење и затоплување. Тоа е котел со комплетна инсталација на општинската зграда . Брикетарата ќе ја користат и индивидуалнитње граѓани и луѓето ќе заштедат, бидејќи се знае дека во зимскиот период едно семејство плаќа околу 60 илјади дфенари за струја за да се загрее”, изјави градоначалникот на општина Могила Стево Пивковски

Тое е перспективата на Македонија, вели Пивковски и додава дека можеби ќе бидат единствени во Р.Македонија кои ќе ја имаат таа апликација

„ Им појаснуваме на сите граѓани да бидат храбри и да аплицираат бидејќи иднината е да се искористат тие фондови”, вели Пивковски

Во услови на економска криза токму ваквото добивање на брикети за затоплување од жетвата во Могила е патот кон иднината на секое семејство и патот кон ЕУ , додаде градоначалникот на Могила