Конкурс за доделување на стипендии

Фондацијата Елена Лука доделува стипендии на ученички од рурални или неразвиени општини. Општина Могила како една од најголемите територијални општини е дел од проектот за стипендии на ученички преку Фондацијата. Во овој проект се вклучени општините: Могила, Чашка, Шуто Оризари, Центар Жупа и Лозово.

Имено преку проектот се доделуваат две стипендии за учебната 2016/2017 година, согласно јасно дефинираните критериуми и услови на Фондацијата.

Согласно конкурсот за стипендирање на ученички во средно образование, стипендијата се доделува за запишани во прва година на ученичките во јавните средни училишта.

Стипендијата за ученичките за средно образование ќе биде во висина од 1500, 00 денари во време траење од 9 месеци. Рокот за поднесување на документите за стипендиите за ученички во средно образование е 08.07.2016 година.

Стипендијата за студентки запишани во прва година додипломски студии на јавните универзитети и високообразовни установи во Македонија, е во висина од 2000, 00 денари, во времетраење од 9 месеци, за учебната 2016/2017 година. Краен рок за поднесување на документите за стипендиите за студентки е 30.09.2016 година.

Сите дополнителни информации како и поднесување на пријавата со потребните документи за сите заинтересирани апликанти може да ги добијат и вооедно достават во Општина Могила, Магдалена Гулевска согласно јасно дефинираниот рок за пријавата со документите.

Контакт информации на одговорното лице од Општина Могила, Магдалена Гулевска
телефон: 076 230 853

e-mail: gule_magda@hotmail.com

Целосна содржина со јасно дефинираните критериуми и услови:

  1. За средношколки
  2. За студентки
  3. пријава

Кликни на следниве линкови доколку сакаш да аплицираш:

Конкурс за средношколки

Конкурс за студентки

Симни пријава и АПЛИЦИРАЈ