Изградба и реконструкција на улици оштетени од поплавите

Поплавите кои во 2015 година ја зафатија територијата на Општина Могила предизвикаја големи штети на патиштата и улиците во Општината. Проектот е целосно финансиран од Европска Унија, со имплементација и техничка поддршка од UNDP. Проектот опфаќа реконструкција и рехабилитација на сообраќајна инфраструктура, рехабилитација на улиците оштетени од поплавите во населените места Ивањевци, Лознани, Ношпал, Будаково, Трап, Радобор и Могила.. Изведувач на градежните активности е фирмата Стентон градба ДОО Битола.

н о кп ш