ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НАЈГОЛЕМАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОПШТИНА МОГИЛА

1 2

Започнува реализацијата на најголемата инвестиција во Општина Могила – на 19.07.2016 година беше потпишан договорот помеѓу Општина Могила – градоначалникот Стево Пивковски и ДГТ „ЖИКОЛ ДООЕЛ Струмица – директор Живко Пандевза најголемата инвестиција во патната инфраструктура досега. Проектот РЕКОНСТРУКЦИЈА И АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА А – ШИРОКА И УРЕДУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО МОГИЛА И ИЗГРАДБА И АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО НАСЕЛЕНИ МЕСТА МОГИЛА, ДЕДЕБАЛЦИ, ИВАЊЕВЦИ И РАДОБОР е со договорена цена во износ од 17.629.727,43 денари. Проектот е финансиран со грант средства во износ од 260.000 евра, обезбедени од Европска унија односно ИПА претпристапните фондови (75%) и Република Македонија (25%) и дел кофинансиран од Буџетот на Општина Могила. Проектот е администриран според правилата на Светска банка, а се имплементира во соработка со Проектната единица на Проектот за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии на РМ.