Заврши овогодинешното издание на Турнир Могила 2018

Во општина Могила заврши традиционалиот Турнир во мал фудбал кој е еден од најстарите турнири во мал фудбал во овој регион од Македонија уште од далечната 1977 година. Како победник на овогодинешното издание на Турнир Могила беше екипата на Кафе Портал од Битола кои ја совладаа екипата на Маркови Внуци од Прилеп. За најдобар играч беше прогласен Христијан Николовски, додека пак за најдобар голман беше прогласен Боби Мојсоски.
1„Како градоначалник на општина Могила чест ми е да присуствувам на еден од најстарите турнири во мал фудбал што се одржува во овој регион од Република Македонија, “Турнир Могила“. Фудбалот како најатрактивната спортска игра ширум светот и привлекува голем број на деца кои сакаат активно да се занимаваат со овој спорт. Општина Могила може да се пофали дека токму тука фудбалската традиција за одржување на турнир во мал фудбал започнува од 1977 година од група на фудбалски интузијасти и сеуште трае. “Турнир Могила“ е препознатлив белег за нашата општина. Во текот на изминативе денови можевме тука да видиме огромен број на мајстории на сите учесници на овој турнир. Практично со овој турнир Општина Могила докажа дека е голема фудбалска општина. Ние како општина, и јас како градоначалник ќе дадеме максимална поддршка за спортот и за организирање на вакви турнири и спортски натрпевари, затоа што тоа е важно за развојот на младите, но и е од големо значење бидејќи преку спортот се промовираат здрави животни навики.“ – изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.

This slideshow requires JavaScript.