Донирани 150 книги за библиотеката на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила

41525940_2281937698729998_5479436138554851328_nПисателите Весна Димовска и Илија Мерковски од издавачката куќа Дата Песнопој од Битола, донираа 150 книги за библиотеката на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила.
41509679_2281936935396741_3998484342052487168_n

41458848_2281937235396711_2021832855042129920_nНа примопредавањето на донацијата присуствуваше и градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска, која што им се заблагодари за донацијата и порача дека секоја донација наменета за образовните институции е важна затоа што е од голема помош и корист за учениците.

Директорката на ОУ „Гоце Делчев“ од Могила, Наташа Бошковска се заблагодари за донацијата и нагласи дека соработката помеѓу издавачката куќа Дата Песнопој и ОУ „Гоце Делчев“ ќе продолжи и во иднина.
41490587_2281936942063407_6663668354181496832_n

41486636_2281937372063364_8561920027861712896_nУчениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Могила, во знак за благодарност за донацијата одржаа приредба на која што рецитраа стихотворби и раскази и посакаа успешна учебна година.