Градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска беше во официјална посета на град Ајдин, Турција

На покана на градоначалничката на Град Ајдин, Озлем Черчиоглу и Здружението на иселениците од Македонија во Ајдин, градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска оствари официјална посета на Република Турција.
37893731_2237401313183637_6641079836976611328_nГрадоначалникот Гулевска во рамките на работната посета, оствари средба со раководители од општина Ајдин со кои што разговараа за меѓуопштинска соработка во делот на образованието, културата и туризмот.

Во текот на посетата градоначалникот на општина Могила оствари средба со градоначалници на општините Караџасу, Султанхисар, Дидем и Град Ајдин на кои што средби беше договорено збратимување на општините и заедничка соработка и реализација на проектни активности.
37869773_2237401496516952_7240616233085698048_nВо рамките на посетата градоначалникот на општина Могила имаше можност да го посетат туристичкото место Памуккале, археолошкото наоѓалиште Ефес, куќата на Пресвета Богородица, гробот на апостолот Јован во Селџук како и познатата Саат кула во градот Измир.

Градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска истакна дека грижата за сопственото иселеништво денеска е европска и цивилизациска вредност, а во многу држави – членки на Европската унија таа грижа е поставена и како уставна категорија. Токму затоа, ние ќе продолжиме оваа европска и цивилизациска вредност постојано да ја развиваме и надополнуваме, како преку нормативното уредување, така и со конкретни политики и проекти, истакна Гулевска.
37817146_2235661703357598_3590989982585585664_nВо рамките на посетата градоначалничката Гулевска одржа состанок со лица од бизнис секторот пред кои беа презентирани можностите за инвестирање во општина Могила. Во рамките на посетата градоначалникот на општина Могила, Гулевска присуствуваше на 18. фолклорен и музички фестивал кои што го организираат иселениците од Македонија во Турција, и истиот се одржа во туристичкото место Кушадаси, Чештепе, и градот Ајдин.
37777202_2235661443357624_1332743053621854208_n

37779910_2235105576746544_701365810089689088_n

37811310_2235661600024275_6106121461028618240_n

37856977_2237401453183623_2112799235874226176_n

37924350_2237401246516977_7831123817664610304_n