Градоначалникот Гулевска во посета на Турскиот културен центар Јунус Емре – Скопје

39249478_301240470636931_6396228115118424064_n

Градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска оствари средба со директорот на турскиот културен центар г-дин Шемсетин Шеќер. На средбата беа конкретизирани проектните активности кои што општина Могила во наредниот период ќе ги реализира во соработка со Институтот Јунус Емре од Скопје.

– Пријателството меѓу двете земји се потврдува преку интензивните билатерални односи, но истовремено и преку личниот контакт на граѓаните на двете земји и нивниот интерес за негување на традициите, меѓусебно запознавање и соработка. Ние како општина во кое живее и турско население ќе продолжиме и понатаму да градиме мостови на пријателство со Република Турција. – рече Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.