Географски карактеристики

geografski_karakteristiki

Могила лежи во Пелагониската рамнина, претежно јужно од реката Шемница, односно помеѓу стариот пат Битола-Прилеп (сега регионален пат Р-106) и Река Црна на просечна надморска височина од 583 м. Општина Могила е средноголема рурална општина, зафаќа површина од 251,2 км2 и се наоѓа во југозападниот дел на Р. Македонија. Според апсолутната надморска височина, се вбројува во општините со малку потпросечни вредности во државата. Всушност, територијата на оваа општина зафаќа простор во средишните делови на Битолското Поле, а населбите се наоѓаат распоредени во сливното подрачје на Црна Река и долното течение на нејзината десна притока Шемница и лежат во нивните алувијални делови.

Има правец на протегање северозапад – југоисток. Од север се граничи со општините Демир Хисар, Крушево и Кривогашатани, од исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци, од југи од запад со општината Битола.

Има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност, бидејќи низ нејзиниот централен дел минува магистралниот патен правец Е – 106 и железничката пруга Битола – Прилеп. Исто така, од големиот градски центар Битола централната населба Могила се наоѓа на оддалеченост од само 10 км.

Вкупната територија на општината зафаќа 22363 ха, а ја сочинуваат кататастарските општини на 23 села и тоа:

Населено место Површина во ха
-Могила = 2571,39 ха
-Беранци = 2018,52 ха
-Вашарејца =706,81 ха
-Горна и Долна Чарлија =1089,06 ха
-Долно Српци =2371,16 ха
-Ивањевци =1725, 72 ха
-Лознани =906,94 ха
-Новоселани =534,19 ха
-Подино =629,82 ха
-Радобор =860, 31 ха
-Свето Тодори =1118,31 ха
-Трновци =1165,51 ха
-Добрушево =1649,16 ха
-Дедебалци =1207,88 ха
-Мусинци =1157,55 ха
-Ношпал =1047,80 ха
-Мојно =1335,90 ха
-Алинци =394,22 ха
-Путурус =645,20 ха
-Црничани =1251,59 ха
-Трап =622, 68 ха
-Будаково =562,69 ха
Вкупно во општина Могила =22363,7

Површина на населените места во општина Могила во ха.

Оддалеченост на населените места во општина Могила од главниот центар на општината.

Општина Могила Населени места Оддалеченост во километри
МОГИЛА Алинци 11 км
Беранци 10 км
Будаково 9 км
Вашарејца 12 км
Г. и Д. Чарлија 7,5 км
Дедебалци 11 км
Добрушево 12,5 км
Д. Српци 13 км
Ивањевци 16 км
Лознани 15 км
Мојно 21,5 км
Мусинци 18 км
Ношпал 15,2 км
Новоселани 18 км
Путурус 15 км
Подино 21 км
Радобор 5 км
Св. Тодори 22 км
Трап 8 км
Трновци 24 км
Црничани 16 км

Геотектонски карактеристики

Подрачјето на Пелагониско-мариовскиот регион го градат геолошки комплекси различни по старост и педографско-минереолошки карактеристики, така да се застапени генетски типови од прекамбријска до рецентна старост.

Не се вршени некои посебни геолошки испитувања на теренот на кој е расположена населбата Могила и нејзината непосредна околина.

Сеизмологија

Според извештајот на Ј. Михајловиќ, Пелагонија сеизмички била активна во периодите: 1908-1912 год; во 1917 год. ; 1933 год; и последно во 1994 год. Кога се регистрирани поголем број на потреси.

Според секторската студија и сеизмичката карта на Македонија, поширокото подрачје на Битола во кое се припаѓа и општината Могила се наоѓа во зона 7º сеизмичност.

Могила се наоѓа на сеизмичко подрачје на кое би можеле да се јават земјотреси со интензитет од 7 и 8 степени по Меркалива-Канкан-Зиберова скала.

Интензитетот на идни можни земјотреси е од 7 до 8 степени и се претоставува дека реонот северно од река Шемница по геолошкиот состав би претрпел земјотрес до 7 степени, додека јужно од река Шемница се можни земјотреси и од 8 степени.

Вегетација

Во просторот на општина Могила , вегетацискиот покривач денес е комплетно редуциран и сведен на многу мал дел од територијата. Овде може да стане збор за постоење на мали површини покриени со деградирани шуми и шибјаци.

Деградираните шуми претставуваат шикари претежно од даб. Шибјаците исто така завземаат мали површини покриени со леска по работ на Пелагониската котлина. Тие завземаат површини на неодамна напуштени ниви.

Карактеристики на фауната

Во поширокиот Пелагониско-Мариовски регион регистрирани се 129 вида птици и 22 вида цицачи. Котлинскиот-Пелагониски дел во кој е сместена и општина Могила е најбогат по бројот на регистрирани видови отици и по густина на нивната популација. Дабовиот простор е најбогат со цицачи а најсиромав е појасот на високопланинските пасишта.

Според законот за ловство на територијата на општина Могила односно во нејзиното опкружување под определен вид на заштита е следниот дивеч: срна, зајак, верверица, видра, полска еребица, еребица камењарка, потполошка, лештарка, грлица, голуб дупкар, голуб гривар, див голуб, шумска шљука, бекасин, пајки, гуски, птици грабливки ( освен јастребите), буфови, додека срната и видрата заради нивната релативно ниска популација се под трајна заштита , а истото се однесува и на пернастите грабливци-орлите, мршојадците, буфовите и луњите.

Од аспект на рибарство од поголемо значење за овој простор се низинските реки, Шемница и Црна Река во кои с езастапени следните видови риба: крап, црвеноперка, клен, скобуст, сом, костреж и др.
Овие реки во суштина претставуваат спортско риболовни подрачја.

Сепак може да се оцени дека фауната и ловното стопанство во овие предели се во лоша состојба иако на територијата од Пелагониско –Мариовскиот регион има големи ловно-спортски површини.

Хидрографија

Општина Могила лежи во сливното подрачје на река Црна. Низ Пелагониската котлина течението на Црна река е во должина од 57км а остатокот од 25км минува низ Скочивирската клисура. Притоките на реката со мали исклучоци се влеваат од нејзината десна страна. Тие се релативно кратки, но заради големите висински разлики, нивните води се прилично брзи, така што при обилни дождови и при топење на поголеми снежни маси и наноси доаѓа до нивно често изливање посебно во рамничарскиот реон.
Хидрографската мрежа на подрачјето на општина Могила ја сочинуваат:
– Црна Река која е регулирана во должина од 57 км
– Шемница која е регулирана во должина од 12 км.