Втора седница на Совет на општина Могила

На ден 13.11.2017 година се одржа втората по ред Седница на Советот на општина Могила

На седницата за работа беше следниот дневен ред:

1. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за финансии и ЛЕР

2. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата,

3. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за комунални работи и сообраќај,

4. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за јавни дејности,

5. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за Статут и прописи,

6. Решение за избор на Претседател и членови на Комисија за полова еднаквост.