Во завршна фаза е грантот добиен од Европската Унија

По барање на Владата на Р. Македонија, Европската Унија се огласи да обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. Овие средства им се доделуваат на Општините  во форма на грантови и треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во руралните области.

Грантот кој го добивме со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд  ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Општина Могила. Деновиве целосно се реализира реконструкцијата на патиштата во сите населени места предвидени според договорот и  техничката спецификација. Воедно предвидени и асфалтирани беа улиците во населените места МОГИЛА, ДЕДЕБАЛЦИ, ИВАЊЕВЦИ И РАДОБОР. Во моментов во тек на реализација е улица Широка- А во населено место Могила.

 

15292675_1374806722543849_2110049581_o 15292705_1374805719210616_1469318989_o 15293403_1374806672543854_1884560518_o 15293403_1374806775877177_1628838851_o 15293503_1374806682543853_325406218_o 15311433_1374806702543851_1708027739_o 15321687_1374806699210518_101243166_o