Биди хуман – донирај !!!

На ден 10.08.2016 година се одржа Вонредна Седница на Советот на Општина Могила со една точка на дневен ред и тоа:
1. Предлог- одлука за донирање на парични средства за поплавите во Скопје.
Членовите на Советот едногласно ја донесоа одлуката за донирање на финансиски средства од Буџетот на Општина Могила за поплавените подрачја во Скопје.

Исто така се упатува апел до граѓаните на Општина Могила и Претседателите на месните заедници да се вклучат во донирањето и донираните парични средства, вода, хигиенски средства, конзервирана храна или облека да ги донесат на собирниот пункт пред Општинската зграда до крајот на оваа недела. Понатаму со помош на Црвениот крст ќе им биде распределена помошта каде што е најпотребна.