Ацо Тасевски назначен за нов секретар на Општина Могила

Со одлука на градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска, за нов секретар на општината е назначен Ацо Тасевски кој ја извршуваше функцијата раководител на одделението за урбанизам, комунални работи и ЛЕР како и функцијата претседател на комисијата за проценка на имот во Општина Могила.
39239711_221957051999240_3661427622333644800_nАцо Тасевски е роден на 22.09.1957 година во Битола. По професија е дипломиран градежен инжењер. Во периодот од мај 1981 до декември 1997 година работел како градежен инжењер, проектант за статика и надзор во Заводот за урбанизам и проектирање во Битола. На функцијата раководител на Подрачната единица на Министерството за урбанизам и градежништво – Битола беше во периодот од јануари 1998 до јуни 2005 година. Од јули 2005 година до денес ја извршуваше функцијата раководител на одделението за урбанизам, комунални работи и ЛЕР во Општина Могила.